Убивал злосторници меѓу кои и татко му чие срце го изел во затвор

Педро Родригез Фило станал убиец пред да наполни 18 години и е одговорен за смртта на најмалку 70 луѓе. Но, „Педрино Матадор“, убивал само криминалци.

Неговите жртви воглавно не биле обични луѓе. „Совршениот психопат“, како што го опишал еден аналитичар, убивал други криминалци, сериски убијци и оние кои му направиле нешто лошо. Поради тоа многумина го споредуваат со Декстер, ликот од ТВ шоуто кој работел исто што и Педро.

Неговиот живот почнал на суров начин пред да дојде на свет. Роден е 1954 година во Минас Гераис во Бразил со повреден череп, кој му го нанел неговиот татко додека ја тепал неговата мајка, додека сеуште бил во стомакот.

За прв пат усмртил човек на 14 години, а жртвата бил заменик градоначалникот на градот во кој живеел. Политичарот го отпуштил неговиот татко кој работел како школски чувар, затоа што навводно крадел храна од школото. Фило го сочекал пред градската општина и го убил со сачмарка. Потоа го убил чуварот кој наводно бил вистинскиот крадец.

Побегнал во Сао Паоло, каде веднаш убил нарко дилер и почнал да се занимава со провалништво. Таму се заљубил во Марија Апарсеија Олимпија, со која живеел се додека не ја убиле членови на банда. Нејзината смрт ги покрена низата на убиства на Фил. Открил неколкумина кои имале врска со нејзиното убиство, ги мачел и ги убивал се со цел да го најде оној член на бандата кој ја убил неговата жена.

И наредното убиство го сторил од одмзада, а овој пат мета бил неговиот татко, истиот човек поради кој за прв пат одземал човечки живот. Таткото со мачета ја убил неговата мајка и служел казна во локалниот затвор, каде Педро го посетил и го избодел 22 пати. Потоа го извадил неговото срце и почнал да го јаде, пишува АТИ.

Конечно е уапсен на 24 мај 1973 година, кога полицијата го ставила во автомобил со двајца криминалци, од кои едниот бил силувач. Кога полицијата ја отвориле вратата од марицата, виделе дека Фило ги убл силувачите. Тоа било почетокот на поглавјето за „Педро Матадор“, кој бил фрлен во затвор со сите останати криминалци.

Убил 47 цимери во затворот, а според наводите ги убивал само оние за кои мислел дека заслужуваат да умрат. Во интервјуто изјавил дека чувствува задоволство и возбуудвање кога ги убива другите криминалци како и дека омилен метод на убивање му е сечење со оштрици.

Иако е осуден на 128 години затвор, поради злосторите кои ги сторил во ќелиите, казната сега му е зголемена на 400 години. Но, според бразилсите закони, најголемата казна е 30 години, а со тие отслужил уште четири поради убиствата во затвор, па во 2007 година излегол на слобода. Името Фило е озлогласено во Бразил, не само поради убиствата кои ги сторил, туку и поради чувствата дека ќе убие уште криминалци.

Scroll to Top