Ученици го препознале својот професор во порно филм

Ученици од англискиот град Писхејвен откриле дека нивниот професор по математика е актер во порно-филмови. Тие го гуглале неговото име, оти знаеле дека Скот Шервуд, бил и билдер. Но, освен тие фотографии, на интернет се појавиле фотки и од порно-филмовите во кои глумел. Скот осум години е дел од порно-индустријата, а се крие под името Арон Кејџ.

Откако ги пронашле голите фотографиите, учениците почнале да ги споделуваат на интернет.

„Ова е мојот професор по математика. Се плашам“, напишала една од неговите ученички.

Училиштето засега нема официјална изјава што ќе се случи со 50-годишниот професор, но родителите на учениците велат дека се загрижени и не сакаат да остане да ги подучува нивните деца, пренесува „Сан“.

Scroll to Top