Учителка од Италија уапсена поради секс со малолетници

Италијанската полиција уапсила 45-годишна наставничка во основно училиште поради секс со малолетници. Таа ги носела во мотели и ги снимала пренесува агенцијата „Анса“. Наставниката е уапсена поради малолетничка порнографија и сексуална експлоатација на малолетници.

Таа е од провинцијата Бари, а малолетниците ги намамувала преку социјалните мрежи, каде што работела под псевдонимот „тетка Мартина“. Полицијата ја почнала истрагата откако добила пријава од неколку родители кои биле вознемирени од однесувањето на нивните синови.

Наставничката потоа ги носела во локални мотери, а со некои од нив и снимила видеа со порнографска содржина и некои од нив ги пренесувала во живо. Некои од видеата ги споделувала со повеќе малолетници.

Таа во моментот е во домашен притвор, а карабинерите истражуваат дали во аферата учествувале и други лица, покрај досега идентификуваните.

Scroll to Top