УХМР со детаљна временска прогноза за цела недела

By

Облачно и студено време преовладуваше утрово во Македонија, со умерен до засилен северен ветер.

Од денеска утринските температури во поголемиот дел од земјата ќе бидат под нулата.

Од среда до петок преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност.

Утринските температури во поголемиот дел од земјава ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат во благ пораст.

В сабота ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот ќе има и локални врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во текот на ноќта кон недела.

На повисоките планини (над 2000 метри надморска височина) ќе има слаби провејувања од снег.

 

Ќе ви се допадне