УНЕСКО ја прогласи Длабока Река во Маврово за светско природно наследство

By

Буковата шума стана дел од досието „Древните и исконски букови шуми на Карпатите и други региони во Европа“, кое во моментот опфаќа 18 земји од Европа. Буковата шума по течението на Длабока Река во Маврово е впишана на Листата на светско наследство на природата на УНЕСКО. Ова се случи по 44. сесија на Комитетот за светско наследство што се одржа онлајн, а домаќин беше Кина. Шумата, дел од Националниот парк Маврово, е второ природно добро од земјава што се најде на листата на УНЕСКО, по Охридскиот Регион, кој е прогласен за мешано наследство, природно и културно.

„Проширената територија на ова добро претставува исклучителен пример на релативно ненарушен комплекс и го претставува широкиот спектар на севкупните еколошки процеси на чисти и мешани стојалишта на европската бука низ разни еколошки состојби“, соопшти УНЕСКО.

На листата на светско наследство додани се уште четири локалитети споменици на културата и еден споменик на природата: Колонадите во Болоња, Италија, делата на архитектот Јоже Плечник во Љубљана, Пејзажот од шкрилец во Северозападен Велс, Обединето Кралство, Петроглифите на езерото Онега и Белото Море, Руска Федерација и Националниот парк Ивиндо во Габон.

Од Македонија уште четири локалитети се на листата на чекање: Архео-астрономскиот локалитет „Кокино“, номиниран во 2009 година, пештерата Слатински извор, ставен на листата во 2004 година, Маркови кули, номиниран во 2004 година и црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, номинирана кон крајот на 2020 година.

 

Ќе ви се допадне

Natsu no Arashi! (https://animeheaven.pro/m/YX6p) Episode 13

AnimeFreak: High-Rise Invasion anime episode 12 online free at https://animefreak.ws animefreaks anime

AnimeFLV: The Humanoid (Dub) anime episode Full online free at https://animeflv.uk anime

New Getter Robo (https://twistmoe.net/m/p3do) Episode 13

Cruzroja: http://www.cruzroja.es/creforumvolint_en/user/editDone/165873.page

Experiment: https://experiment.com/users/kkissanime