Успеале да земат од слот апарат 8000 долари, без воопшто да играат

Полицијата на Атланта е во потрага по двајца мажи за кои вели дека на несекојдневен начин успеале да украдат 8000 долари од слот апарат на една бензиска пумпа.

Камерата ги снимила двајцата арамии како седнале на апаратите. Едниот мирно седел и играл, а другиот за тоа време успеал да го отвори апаратот и да извлече речиси 8000 долари низ отворот од апартот.

После тоа двајцата арамии заминале во непознат правец, а вработениот на бензиската пумпа, случајот го пријавил во полиција. Службите ја објавиле снимката со надеж дека некој од граѓаните ќе помогне во фаќањето на арамиите.

Scroll to Top