Успешно завршeн традиционалниот донаторски проект IT 4 Charity

Концептот на хуманитарна активност за 2021 во кој ИТ компаниите донираа средства за секој изминат зелен километар (физички активности како пешачење, трчање и возење велосипед) од страна на нивните вработени е затворен успешно со обезбедени 20.135 евра наменети за поддршка на децата и младинците згрижени во СОС Детско село.

Донаторскиот проект IT 4 Charity – 2021 го подржаа

– 15 ИТ компании
– 528 вработени
– Се поминаа 60906.58км пешки
– Се извозеа 13973.69 км со велосипед
– Се заштедија 1946.89 CO2 честички
– И се собраа 20.125 евра

„Горди сме на овие 15 ИТ компании кои помогнаа во остварување на мисијата Топол дом и грижа за секое дете“, истакнуваат од СОС Детско село.

Scroll to Top