Ужасни видеа од борби со кучиња во Македонија!

Во Македонија се организираат борби со кучиња и покрај тоа што е забрането со закон, а луѓето кои ги пуштаат во борби, која многупати завршуваат трагично за животните, заработуваат голема сума пари.

Според Законот за заштита и благосостојба на животните, забрането е вклученост, поттикнување, организирање, рекламирање, одржување и обложување борби на животни за какви било намени. Законот предвидува глоба од шест илјади евра во денарска противвредност. Сепак, казните немаат ефект кога надлежните не преземаат ништо.

Добро упатените во овој крвав бизнис велат дека борбите знаат да бидат немилосрдни и дека траат додека едно од животните не умре. Се случува некогаш да се смилуваат па да ја прекинат борбата кога ќе забележат дека едно од кучињата добило тешки повреди.

Приходите се остваруваат преку наплаќање на билетите и обложување.

Ваков пример е забележан во борбите во Тетово, Струга, поточно местото Ново Село во Струшко.

На фејсбук-страницата  Amabo-Kennelкоја е од затворен карактер, можеле да се забележат борби со кучиња, но и покрај реакциите на месните жители во полицијата и до градоначалникот Арбен Таравари, реакција од надлежните засега нема.

Видеата веднаш биле избришани од админите на групата, но истите сепак некои од членовите успеале да ги симнат и да ги споделат со јавноста.

Scroll to Top