Велешанецот Диме на „Фејсбук“ ја моли сопругата да му се врати

Диме изгледа толку ѝ згрешил на својата сопруга Ленче, па сега сака да ги искористи социјалните мрежи за да ја врати, да ја натера да му прости и да ја убеди дека повеќе нема да ги повторува грешките.

Нема многу информации како Диме влегол во овие проблеми, но од она што може да се забележи, очигледно станува збор за нешто поврзано со „Фејсбук“, а искусните знаат дека оваа социјална мрежа може да ви го загорчи бракот, особено ако не знаете како да работите со неа. Диме очигледно немал многу искуство, па затоа сега мора јавно да ѝ се извинува на сопругата признавајќи ја грешката.

Scroll to Top