„Вело родео“ во центарот на Кочани

Денеска на пладне во Кочани ќе се одржи „Вело родео“ кое на едно место ќе ги собере учениците од 20 училишта од Источна Македонија, а кои преку игра, забава и едукација ќе ја пренесат пораката за придобивките од возењето велосипед. Настанот, освен забава и едукација има за цел да обезбеди три велосипеди за  најдобрите три училишта на „Вело родео“ натпреварот, кои ќе ги користат подоцна во своите наставни програми.

Организатор на настанот е здружението на граѓани „Еко логик“, „Мрдни со прст“ и основното училиште „Раде Кратовче“ од Кочани. Тие се надеваат дека ќе ја подигнат свеста на граѓаните за општествени промени кои се во доменот на секој поединец.

Scroll to Top