(Видео) Ајфеловата кула погодена од гром

Ајфеловата кула, симболот на Париз, била погодена од молња за време на бурата што ја погоди престолнината на Париз.

Камерата на париската метеоролошка веб-страница го уловила моментот кога громот пред два дена ја погодил Ајфеловата кула, а на фотографијата се гледа како громот удира во врвот на познатата градба.

Ударот од молњата го забележал и фотографот Бертранд Кулик, а фотографијата е објавена на сајтот Рамбл (Rumble).

„Тоа беше електричен удар, времето беше апокалиптично. Бев сам во својот стан и прозорецот беше отворен. Кога бурата почна, го земав мојот апарат со надеж дека ќе снимам барем дел од молскавицата“, изјавил Кулик.

Тој додал дека ветерот и дождот биле толку силни што се чувствувал како да се наоѓа во средиштето на бурата.

 

Scroll to Top