(Видео) Активисти за заштита на животни спасиле 53 кучиња, кои со камион ги носеле на кланица

Активисти за заштита на животни во Индонезија спасиле 53 кучиња, кои со камион биле носени на пат кон кланица, пренесуваат светските медиуми. Активистите го пресретнале возилото со кое управувал трговец за месо Sukoharjo. Тие во задниот дел на камионот ги нашле 53 кучиња.

Исплаштените животни биле ставени во вреќи, а нозете им биле цврсто врзани со конец. Полицијата го запрела камионот во моментите кога тој стигнал во нелегалната кланица, во која секој ден по 30 кучиња се претепуваат до смрт.

Повеќето од кучињата биле украдени од нивните стопани, а некои од нив носеле и колан околу вратот. Малку е веројатно дека кучињата повторно ќе се вратат на стопаните, велат активистите, но објаснуваат дека оние кои нема да се вратат ќе бидат повторно посвоени. Некои од нив ќе бидат истпратени во засолништа во Канада.

 

Scroll to Top