(Видео) Американец нападнал жена во авион

Непримерен патник на летот „Американ ерлајнс“, издржал повеќекратно шокирање со струја за време на конфликтот со полицијата, откако наводно нападнал жена во истиот авион во неделата вечерта во Мајами.

Џејкоб Гарсија ги свиткал нозете околу своето седиште ѝ одбил да стане кога полицијаците влегле на летот за Чикаго. Дошло до борба, па полицијата била принудена да го шокира со „тејзер“, дури 10 пати, пренесува „Ју-ес-еј тудеј“.

„Исфрлете го!“, се слуша на снимката која ја снимил некој од патниците.

„Пази Џонсон“, се слуша еден полицаец додека се подготвува да го шокира Гарсија со струја.

Откако го погодиле со „тејзер“, Гарсија ги провоцирал полицајците.

„Ајде Џонсон, изгуби се од тука!“, изјавил тој.

На другата снимка се гледа моментот кога Гарсија се обидува да го сокрие „тејзерот“ откако бил погоден.

 

„Баш си како мало бебе“, изјавил Гарсија на еден од полицајците. „Зошто ме тргате од овој авион?“, го прашал еден полицајците за време на борбата.

Џордан Лис, кој е автор на снимката, изјавил дека Гарсија некултурно се однеусвал за време на сместувањето ѝ допирал една од жените на летот, а пред тоа изнесувал расистички коментари до службеникот на аеродромот. Полицијата пристигнала кога Гарсија одбил да излезе од авионот, а од „Американ ерлајнс“ во меѓувреме соопштиле дека патникот е уапсен. Авионот летнал по еден час задоцнување.

 

Scroll to Top