(Видео) Англиски навивачи тепаа момче за да влезат на Вембли

За време на финалниот натпревар меѓу Англија и Италија на Вембли се случија голем број инциденти. Дестици навивачи ја пробиле оградата пред лондонскиот стадион „Вембли“ во обид без влезници да влезат на вечерашниот финален натпревар на Евро 2020 меѓу Англија и Италија.

На едно од видеата што беа објавени се гледа како неколку Англичани се обиделе насилно да дојдат до билет претепувајќи едно момче. Тие го шутираат по главата и телото додека тоа ги моли да престанат.

За време на финалниот натпревар на Европското првенство меѓу Англија и Италија на Вембли голем број од домашните навивачи ги тепаа Италијанците, пренесуваат медиумите.

Англиските хулигани се тепаа со Италијанците пред еден од влезовите на стадионот за место на трибините. Светските медиуми пренесуваат дека комплетно потфрлило обезбедувањето на стадионот, кое не успеало да ги спречи инцидентите.

Италија ја победи Англија во финалето со 3:2 на пенали кога во регуларниот дел и по продолженијата од двапати по 15 минути мечот заврши нерешено 1:1.

Scroll to Top