(Видео) Асанж вежба кунг фу во амбасадата на Еквадор

По апсењето на основачот на „Викиликс“ Жулијан Асанж, во јавноста излегоа неколку снимки кои откриваат што тој правел додека бил во заложништво во амбасадата на Еквадор во Велика Британија.

Асанж во амабсадата минал 6 години и 10 месеци, каде добил политички азил, пред да биде уапсен на 11 март. За целиот тој период, многумина кој го познавале велат дека Асанж развил чудно однесување и станал многу неуреден.

Прво во јавноста се појави снимка на која се забележува како Асанж во една од собите во амбасадата вози скејтборд, а сега прави чудни движења со рацете како да вежба кунф фу. Доста од времето може да се види дека поминал во кујната, а потоа скокал во место додека ја подготвувал храната.

Асанж на 11 март лондонската полиција го изнесе од амбасадата на Еквадор во Лондон, каде Асанж се криеше од страв дека може да биде испорачан во САД. Полицијата во официјалното соопштение навела дека Асанж е уапсен затоа што не се предал на судот, по што бил однесен во полициска станица.

Полицијата била повикана од одговорните служби во Амбасадата на Еквадор, откако претходно му бил укинат азилот. Асанж се наоѓал во амбасадата во Еквадор во Лондон од јуни 2012 година, за да го избегне испрачувањето во Шведска поради обвинувањата за силување и сексуално злоставување, работи кои тој ги негира дека ги извршил.

На Асанж му се закнуваа со апсење уште во 2012 година, кога ја прекршил условната слобода. Покај Шведска, во САД се води истрага, затоа што Асанж на „Викиликс“ објавил стотина илјади страници од американската дипломатска преписка и тајни воени документи.

Scroll to Top