(Видео) Асанж возел скејтборд, играл фудбал и правел неред во кујната

Британски „Дејли мејл“ открива зошто основачот на „Викиликс“, Жулијан Асанж, бил протеран од Амбасадата на Еквадор во Британија. Британскиот медиум пишува дека покрај сомневањата дека Асанж го шпионирал персоналот во амбасадта, тој водел многу неуреден живот, нешто на кое постојано реагирале вработените.

Британските медиуми дојдоа до посед на снимката од камерите во амбасадата. Асанж е снимен како вози скејтборд низ просториите, а персоналот кој бил задолжен за чистотата во амбасадата вели дека го видел како Асанж игра фудбал и оставал валкани чинии во мијалникот.

„Беше предупреден дека не треба да ја остава валканата долна облека во тоалетот и дека по јадењето треба да го исчисти нередот што го правеше во кујната“, изјавиле од амбасадата на Еквадор.

И неговата мачка исто така е тргната од амбасадата затоа што не се грижел за неа, иако амбасадорите се сомневале дека подметнал и скриена камера за да ги шпионира вработените во амбасадата.

„Тврдењето дека Асанж оставал фекалии на ѕидовите на еквадорската амбасада се лага“, изјавила адвокатката на основачот на „Викиликс“.

Scroll to Top