(Видео) Австралиските медиуми објавија снимка од приведувањето на Новак Ѓоковиќ

Австралиските медиуми објавија видео од приведувањето на Новак Ѓоковиќ. Светскиот тенисер беше пренесен со автомобил од сослушувањето во судот, кон миграцискиот хотел, каде го пречекаа голем број фанови и новинари.

Пред хотелот имаше и голем број демонстранти кои протестираа во корист на мигрантите сместени во хотелот.

Во миграцискиот притвор, Ѓоковиќ ќе го чека судењето, закажано за доцна вечерва, на кое ќе биде одредено дали ќе може да остане во Австралија.

На српскиот тенисер му се заканува депортација, откако австралиската влада вчера повторно му ја укина визата за престој во земјата со објаснување дека е закана за јавното здравје.

Scroll to Top