(Видео) Австриска пратеничка се онесвести додека зборуваше за оставката на Себастијан Курц

Австриската пратеничка Ева Марија Холцлајтнер колабрира за време на својот говор во собранието. Нејзините колеги веднаш дотрчаа да ѝ помогнат, а подоцна рекоа дека со неа сè е во најдобар ред.

Ева, која е пратеничка од опозициската Социјалдемократска партија на Австрија, на говорницата зборуваше за истрагата против доскорешниот канцелар Себастијан Курц, кој поради сомнеж за корупција си поднесе оставка.

На седницата бурно реагира и лидерката на NOES, Беате Мајнл-Рајзингер, која на новиот канцелар Александер Шаленберг му предаде документ со обвиненијата против Курц. Опозицијата реагира бурно откако Мајнл ги фрли документите на земјата.

Тој потоа рече дека немал намера да покаже непочитување кон независното правосудство, како што тоа некои го протолкувале.

Scroll to Top