(Видео) Автобус излета во езеро, камерите снимија страшна несреќа во Кина

Безбедносните камери снимија страшна несреќа во Кина, во која автобус излета во езеро. Тамошните медиуми пренесуваат дека во несреќата настрадале најмалку 21 лице. Несреќата се случила во вештачкото езеро Аншун, во југозападна Кина.

Службите успеале да спасат 36 луѓе и веднаш биле префрлени во најблиската болница. Спасувачите и понатаму ги извлекуваат патниците.

Меѓу нив имало и средношколци кои тргнале на матурскиот испит. Како што наведуваат медиумите, автобусот изненадувачки свртел на лево, удрил во рабникот на патот и паднал во водата. Кога возилото било извлечено, во него немало никого.

Локалните жители велат дека сирените на итната помош се слушале во целиот град.

Scroll to Top