Американскиот претседател Џо Бајден доби на подарок нов германски овчар. Станува збор за расно куче со име Командант. Тој кучето го доби на подарок од неговиот брат Џејмс Бајден и снаа Сара Бајден, рече портпаролот на првата дама Џил Бајден.
Во исто време, Бајден ќе мора да се ослободи од нивниот друг германски овчар, со име Мајор, кој по неколкуте инциденти со обезбедувањето живее во помирно опкружување.
„Добро дојде во Белата куќа Команданте“, рече Бајден и објави кратко видео со новиот миленик.
Од канцеларијата на првата дама рекоа дека на семејството во Белата куќа ќе им се придружи и мачката која Џил Бајден вети дека ќе ја донесе уште пред една година.
Meet the newest Biden. pic.twitter.com/JHAbH53iRk
— President Biden (@POTUS) December 20, 2021