(Видео) Бегајќи од пожарот, скокна од прозорец од трети кат

Во пожарот што го зафати трговскиот центар во Русија некои луѓе имаа само еден излез. Според првите информации, во пожарот во рускиот град Кемерово настрадале 20 луѓе, а по неколку десетина деца сè уште се трага.

За размерите на трагедијата најдобро говори видеото.

Еден од заглавените во зградата единствениот спас го гледал во скок од прозорец. Човекот паднал на настрешница која го ублажила падот.

Не е познато какви повреди претрпел.

Scroll to Top