(Видео) Богата парада во Москва по повод Денот на победата над фашизмот

Денеска во Москва се слави Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна. По тој повод секоја година на 9 мај се одржува парада на Црвениот плоштад во руската престолнина.

На парадата рускиот претседател Владимир Путин, им го честиташе големиот празник на своите сограѓани.

„Со секоја мината година ја чувствуваме моќта на големиот подвиг и триумф над нашиот народ. Токму тоа е нешто кое ја одбрани нашата татковина и стана главен ослободител на народот на Европа. Победата над фашизмот има посебно место. Ви го честитам Денот на победата. Денот на нашата гордост и тага“, изјавил Путин.

На парада учествуваат повеќе од 13 илјади војници и 132 инженерски единци. Активирани се и 74 авиони и хеликоптери. Низ цела Москва се одржуваат многубројни настапи, концерти, изложби, работилници. На сцените настапуваат танчари, музичари и актери.

Се емитуваат воени филмови и традиционално работат и полските кујни. Влезот во воените музеи е бесплатен за сите заинтересирани.

Scroll to Top