(Видео) Бразилец сурфал на бран висок над 24 метри

Бразилскиот сурфер Родриго Кока го собори светскиот рекорд според големината на бранот на кој сурфал. Тој сурфал во централна Португалија, соопшти Светската лига на сурфери, инаку организатор на натпреварувањето на кое бил поставен рекордот.

Според веб-страницата на градскиот совет на Назаре, 38-годишниот Бразилец од Сао Паоло постигнал нов светски рекорд со сурфање на бранот висок околу 80 стапки или 24,38 метри. Рекордот бил соборен на натпреварот одржан на 7 ноември 2017 година.

Кока, кој го ризикувал животот сурфајќи на волку висок бран, рекол дека освојувањето на наградата е најдобриот ден во неговиот живот.

Scroll to Top