(Видео) Бразилска конгресменка е обвинета дека го нарачала убиството на мажот ѝ

Бразилската конгресменка Флорделис де Суза е обвинета дека го нарачала убиството на својот сопруг, пасторот Андерсон до Карма.

Во него било пукано повеќе од 30 пати во нивниот дом во јуни минатата година. Од полицијата во Рио де Жанеиро велат дека поднесени се обвиненија против вкупно 11 лица поврзани со убиството на Андерсон, пренесува „Ројтерс“.

Во рамките на истрагата полицијата издала девет налози за апсење и 14 налози за претрес во неколку градови на Бразил, вклучително и налог за претрес во домот на обвинетата конгресменка.

Полицијата соопштила дека нејзиниот мотив за убиството била борбата за моќ и нејзината финансиска еманципација.

Налогот за апсење за обвинетата конгресменка сè уште не е издаден. Де Суза е избрана за сојузна пратеничка поради што ужива и парламентарен имунитет.

Полицијата соопштила дека копијата за истрагата заедно со доказите е испратена до долниот дом во Конгресот и дека обвинетата би можела да биде отповикана од функцијата, што би овозможило понатамошно спроведување на кривичната постапка.

Полицијата известила дека Кармо бил убиен во својот дом, а Суза посведочила дека нејзиниот сопруг настрадал за време на грабеж. Де Суза не дала веднаш коментар за јавноста по повод обвиненијата кои против неа биле поднесени, пренесува „Танјунг“.

Scroll to Top