(Видео) Careless Whisper на Џорџ Мајкл прогласена за најомилена песна на сите времиња

Careless Whisper на Џорџ Мајкл е прогласена за најсакана песна на сите времиња. Таа се најде на првото место нa топ-листата на Smooth Radio All Time Top 500 за 2021 година.

Првата соло песна на починатиот пејач, кој претходно членуваше во групата „Вем“, трета година по ред е број еден на оваа топ-листа.

„Неизмерно се гордеам што оваа песна трета година по ред е на врвот на оваа топ-листа. Многу ни значи фактот дека фановите на Џорџ во светот сè уште ја сакаат неговата музика“, рече сестрата на Џорџ Мајкл, кој почина во 2016 година.

Scroll to Top