(Видео) Чешки пратеници се степаа додека расправаа за кризната состојба

Тежок инцидент се случи вчера во парламентот во Чешка кога неколку пратеници се степаа додека расправаа за кризната состојба. Проблемите почнаа кога независните пратеници Маријан Бојко и Лубомир Волни демонстративно се појавија на седницата без заштитни маски.

Прво зборуваше Бојко, кој од претседавачот на седницата, Томаш Ханзел, доби предупредување дека треба да се засрами и да стави маска. По него, на говорницата зборуваше Волни, кој посочи дека партијата на Ханзел е корумпирана.

Тепачата настана кога Ханзел побара да му се исклучи микрофонот на Волни, кој стана и продолжи да зборува од неговиот микрофон. Најпрвин дојде до турканици, а потоа и до отворена физичка пресметка меѓу пратениците.

На крајот, парламентарното обезбедување го отстрани Волни од салата. Полицијата ќе поднесе прекршочни пријави за двајцата независни пратеници избрани преку листата на радикалната десничарска партија СДП поради неносењето заштитни маски за што им се заканува глоба од 400 евра.

Scroll to Top