(Видео) Четири торнада пустошеле низ Америка

На социјалните мрежи се појавија неверојатни снимки од вчерашните торнада кои правеле пустош низ Америка.

Како што објавил порталот WTHR, на една снимка што ја објавил Дејв Перкинс на „Фејсбук“ може да се забележат движењата и свртувањата на торнадото и неговото патување преку водата. Потоа повторно се враќа на копнениот дел рушејќи го кровот на една куќа.

Медиумите пренесуваат дека торнадото патувало од Окалус и Санта Росе, деловите кои се најмногу погодени од бурата.

За време на вчерашниот ден забележани се и три силни торнада кои ги опустошиле Алабама и Луизијана.

Scroll to Top