(Видео) Човекот кој го одгледале волци, разочаран од животот меѓу луѓето

Маркос Родригез Пантој од Шпанија живеел меѓу волкови 12 години на планините. Кога наполнил 19 години го открила Цивилната заштита и го вратила во цивилизацијата.

Сепак дури и сега, кога има 72 години, Пантој вели дека никогаш не се прилагодил целосно на животот со луѓето.

Роден е во Кордоба во 1946 година. Ја изгубил мајка му кога имал само три години, а недолго потоа го напуштил и татко му, кој отишол да живее со друга жена во соседниот град.

Таткото го продал на еден фармер кој живеел во планината Сјера Морена. Фармерот набрзо потоа починал, па Маркос, како што вели, се повлекол во дивината. Смета дека тогаш имал околу шест или седум години.

Маркос, како што вели, се грижел за 300 овци. Се сеќава дека од стариот пастир научил да запали оган и да користи разни алати, но во 1954 година, кога Маркос не наполнил ниту осум години, пастирот умрел.

Маркос 12 години подоцна, го пронашла Цивилната гарда, а тој веќе заборавил да зборува и зборовите ги заменил со животински гласови.

Вратен е во цивилизацијата, но никогаш не се прилагодил на животот меѓу луѓето. Во еден момент се обидел да се врати во шумата, но, како што вели повеќе не бил истиот. Волковите повеќе не го гледале како брат.

„Можам да почувствувам дека се тука, ги слушам како дишат, а кожата ми се ежи. И не ми е повеќе толку лесно да ги видам. Тие се волкови и ако ги повикам тие ќе ми одговорат, но нема да ми се доближат. Им мирисам на човек, носам колонска вода“, вели Маркос.

Маркос денеска има 72 години и живее во малото село Ранте, сместенно во областа Оренсе во Галиција.
И покрај тоа што повеќе од 50 години живее меѓу луѓето, често признава дека последните сеќавања за среќен живот му се врзани за волковите, од женката која за прв пат му покажала мајчинска љубов и нејзините младенчиња, кои го прифатиле како брат. Го учеле како да преживее во дивината, му покажувале кое шумско овошје е отровно, а кое не.

Маркос открива дека денеска се чувствува измамено и злоупотребено од луѓето и дека работодавците од градежната и угостителската индустрија го експлоатираат.

„Мислам дека ми се смејат затоа што не се разбирам во политика и фудбал“, вели тој.

Иако чувствува дека никогаш не бил способен целосно да се прилагоди на животот меѓу луѓето, неговите комшии го прифаќаат како свој.

Маркос е еден од ретките забележани слуачи на луѓе, кои се одгледени од животните, далеку од цивилизацијата. Бил предмет на разни атнрополошки студии, книги и документарци.

Scroll to Top