Најмалку 39 лица се повредени утрово во градинка во град на југот од Кина, пренесуваат кинеските државни медиуми. „Асошиетед прес“ пренесува дека нападот се случил во една градинка, додека „Дојче веле“ пишува дека истиот се случил во основно школо.
Според наводите на локалните влади во округот Кангву, во регионот Гунагси, 37 деца и две возрасни личности се здобиле со повреди од различни степени. Кинеските државни медиуми го идентификувале напаѓачот како чувар во школото, кој се презива Ли, пренесува „Асошиетед прес“.
Засега не е познат мотивот на нападот, а осомничениот е задржан во притвор додека трае истрагата, додаваат медиумите. Кинеската телевизија CCTV наведува дека во нападот се повредени 40 лица, од кои три се тешко повредени, вклучувајќи го и директорот на училиштето, уште еден чувар и ученик.
#Update: All 39 injured victims of a primary school knife attack in S.China have been sent to local hospitals for treatment, two are badly wounded. Investigation underway. https://t.co/M8hjrc2ypE pic.twitter.com/k8WAlZEgx6
— Global Times (@globaltimesnews) June 4, 2020