(Видео) Дали луѓето читаат книги?

Медиумскиот аналитичар Марк Дајс се прошетал на улиците на Сан Диего во Калифорнија за да открие колку луѓето всушност денеска читаат книги.

Повеќето од интервјуираните лица не прочитале книги со години.

А на прашањето која последна книга ја прочитале, повеќето од анкетираните одговориле дека немаат поим и дека не читаат книги.

На прашањето на коj автор на книга се сеќаваат, само неколкумина го знаеле одговорот.

Приближно 90 отсто од луѓето во оваа анкета не прочитале ниту една книга со години. Наместо тоа, читаат магазини, читаат текстови на интернет, слушаат аудиокниги и читаат фејсбук-објави.

Гледајте ја видеоанкетата во целост:

Scroll to Top