(ВИДЕО) Дечкото на Адеа Шабани сам си пукал пред полицијата да го фати

Американските медиуми откриваат нови детали од истрагата за самоубиството на Крис Споц, дечкото на исчезнатата актерка Адeа Шабани. Според Кеј-ен-би-ес, Споц бегал од полицијата во „тојота такома“, која била возена и порано, во претходно убиство, но полицијата не го решила тогаш тој случај.

Според регистарските таблички полицијата увидела дека возилото што се движело по патот било пријавено за украдено и дека се бара поради претходно отворена истрага за убиство.

Започнале потера по возилото. Се обиделе да го запрат, но Споц успеал да им избега и продолжил да вози кон автопатот „Риверсајд“. Кога се оддалечил малку од полицијата, запрел, се застрерал самиот и починал на местото на настанот.

Потрагата по Шабани продолжува. Полицијата засега нема конкретна трага. Во истрагата е вклучен и приватен детектив, ангажиран од семејството.

Адеа Шабани исчезна на 23 февруари, а според очевидци, Споц, со кого била во романтична врска, на денот на исчезнувањето насилно ја турнал во багажникот на автомобилот и заминал во непознат правец.

Scroll to Top