(Видео) Дембеле и Гризман навредуваат Азијци на Европското

Француските фудбалери, Осман Дембеле и Антоан Гризман, навредувале Азијци за време на Европското првенство. На снимката која се појави во јавност, се слуша како Дембеле ги навредува Азијците во неговата хотелска соба, додека тие се обидуваат да му го поправат телевизорот.

Неговиот соиграч од Барселна, Гризам, за целото тоа време го поддржува и се смее.

„Сите овие грди лица, за само ти да можеш да играш ПЕС (Pro Evolution Soccer), не ли ти е срам?“, се слуша Гризман на видеото.

„Каков вид на заостанат јазик е тоа? Дали вие сте напредни во поглед на технологијата во вашата земја, или не сте?“, им се обратил потоа Дембеле на Азијантите.

За потсетување, Франција испадна од Европското првенство, по изведувањето на пеналите против репрезентацијата на Швајцарија.

Scroll to Top