Низ цела Франција денес се одржуваат протести поради зголемување на цената горивото. Полицијата во Париз употребила солзавец и водени топови против демонстрантите, кои се доближиле и до плоштадот Конкорд.
Конкорд е подрачјето кое полицијата го затворила за протести. Медиумите наведуваат дека на северот на Франција во протестите се повредени седум полицајци.
Демонстрантите во центарот на Париз подигнале барикади и ги запалиле. Судејќи според сликите на социјалните мрежи, тие не им дозволиле на пожарникарите да им се приближат да го угаснат огнот.
Француската влада соопштила дека бројот на демонстрантите кои се нарекуваат „жолти јакни“, на улиците од утрината ги имало во помал број за разлика од минатата недела. Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер навел дека во Париз биле собрани 8000 демонстранти, а во целата земја ги имало околу 23.000.
Тој навел дека неколку демонстранти го обиколиле и се обиделе да го уништат и неговиот дом.
„Имаше насилни сцени, навреди и растистички пораки“, изјавил Кристоф.
На Фејсбук 36.000 луѓе го најавија своето учество на големиот собир на плоштадот Конкорд. Ваквиот собир властите го забраниле.
Центарот на градот е под опсада, а полицијата не им допуштила на демонстрантите да се приближат до претседателската палата. До инцидент дошло на Шанзелизе, каде според Кристоф се наоѓаат и проврзаници на екстремната десница која сака да ги нападне институциите.
Тој ја обвини лидеката на екстремната десница Мирин Ле Пен, дека ги повикала своите приврзаници да учествуваат во протестите и да предизвикаат немири, нешто што таа подоцна го негираше.
Полицијата соопштила дека досега се уапсени најмалку 18 лица, воглавно поради фрлање на разни објекти. Повеќето групи на демонстранти утрово се обиделе од разни страни да и се приближат на Јелисејската палата, но полицијата тоа не им го дозволила.
Paris, clashes between riot police and yellow vest protesters as they try to march to the presidential palace pic.twitter.com/a85mhhtoPa
— Jorge Martin (@marxistJorge) November 24, 2018