(Видео) Денес и утре Земјата ќе биде погодена од соларна бура

Голема соларна бура (електромагнетна) ќе ја погоди земјата денеска и утре, предупредува НАСА.

Иако нема да биде толку силна да го врати човештвото во камена доба, бранот наелектризирани честички би можел да ја загрози работата и да ги оштети сателитите, предизвика прекин на струјата, да ги наруши фреквенциите што се користат за комуникација во навигацијата.

Соларната бура може да влијае и да го загрози магнетното поле на Земјата. Оваа активност на Сонцето често се препознава и како сончеви пеги, односно темни дамки на површината на ѕвездата. Може да се појави и аурора бореалис, односно прекрасна игра на светлина на небото, која може да се забележи само на далечниот север.

Соларната бура настанува за време на експлозија на површината на Сонцето, кое создава маса наелектризирани честички. Електромагнетната бура ќе ја погоди Земјата на 14 и 15 март и тоа во моментите на поларна светлост и ќе може да се забележи во јужните делови на планетата, односно на северот на Англија, во Шкотска, Мичиген и во Мејн.

НАСА објави дека ова ќе биде најголемата соларна бура оваа година. Бурата се рангира според моќноста и обележувањето на буквите. Буквата Г означува најслаба, Р средна силина, а С е знак за најсилната соларна бура.

НАСА претстојната бура ја рангира со буквата Г. Американската вселенска агенција планира да испрати на Сонцето соларно летало со име „Паркер“, кое ќе му се приближи на Сонцето поблиску од кое друго претходно испратено.

 

 

Scroll to Top