(Видео) Десет најбогати семејства во светот

Десетте најбогати семејства во светот имаат заеднички приход од 3,4 трилиони долари, што е рамно со бруто-домашниот производ на Германија, Велика Британија и Франција.

10. Дим (Франција)

Семејството Дим од Франција, во чие сопствеништво се наоѓа брендот „Хермес“, има богатство вредно 49,2 милијарди долари. Првите пари за семејството Дим ги заработил Тери Хермес во 1837 година. Во 21 век оваа марка преминала во глобален моден бренд.

9. Бирн (САД)

На деветтото место се наоѓа семејството Брин од САД. Нивното богатство е проценето на 51,1 милијарди долари. Сергеј Брин е интернет технолошки моќник и коосновач на компаниите „Гугл“ и „Лари“.

Во моментов тој ја извршува должноста претседател во матичната компанија Alphabet Inc. Неговото богатство е поделено меѓу неговите деца. Неодамна тој се разведе од сопругата Ана Вројицицки, која и самата е богата, а проценетата вредност на нејзиното богатство изнесува 480 милиони долари.

8. Амбани (Индија)

Богатството на семејството Амбани од Индија е проценето на 52,3 милијарди долари. Дхирубхаи Амбани бил коосновач на компанијата Reliace Industris. Неговото богатство се дели рамномерно меѓу неговите синови кои денес делуваат како повеќето акционерски компании.

7. Пејџ (САД)

Семејството Пејџ од САД има богатство кое е проценето на 52,4 милијарди долари. Лари Пејџ е коосновач на „Гугл“, а сега е извршен директор на фирмата Alphabet Inc. Неговото богатство го дели со сопругата Лусинда Саутворт и нивните две деца.

6. Албрехт (Германија)

Семејството Албрехт од Германија има богатство вредно 53,5 милијарди долари. Парите ги заработиле двајцата браќа Карл и Тео Албрехт, кои се коосновачи на супермаркетот Алди. Со синџирот сега управуваат нивните деца.

5. Чакри (Тајланд)

На петтото место се наоѓа семејството Чакри од Тајланд. Нивното богатство е проценето на 60 милијарди долари. Семејството Чакри во последните 37 години владее на Тајланд, а населението кон нив се однесувало со голема почит. Семејството го чинат 22 монархи кои контролират богатство од 60 милијарди долари.

 

4. Елисон (САД)

Семејството Елисон од САД е на четвртото мето. Тие се тешки 61,8 милијарди долари. Лари Елисон е коосновач на глобалната корпорација „Оракл“.

3. Цукерберг (САД)

На третото место е семејството Цукерберг од САД. Нивното богатство е проценето на 63 милијарди долари. На чело на ова семејство е Марк Цукерберг, основачот на царството. Нивното богатство е проценето на 63 милијарди долари. На чело на ова семејство е Марк Цукерберг, основачот на царството.

Богатството го дели со сопругата Присли Чан и двете ќерки. Неодамна Марк изјави дека дел од своето богатство ќе го донира за добротворни цели.

2. Слим (Мексико)

Семејството Слим од Мексико има богатство вредно 64,9 милијарди долари. Ова семејство е најбогатото во светот во периодот меѓу 2010 и 2013 година. Семејството го има стекнато богатството преку компанијата Групо Карсо.

1. Марс (САД)

Семејството Марс од САД е на првото место на најбогато семејство на светот. Нивното богатство е проценето на 70,8 милијарди долари. Сопственици се на компанијата „Марс“.

Scroll to Top