(Видео) Десетгодишно момче спасено од рушевините во зградата која се сруши во Мајами

Ноќеска околу 2 часот по локално време, се сруши стамбена зграда во Мајами, а спасувачите успеаа да извлечат десетгодишно мочме од рушевините. Во несреќата загинало една жена, а деветмина се повредени. Во рушевините има и други заробени лица, пренесуваат надлежните.

Сведоците кои се нашле во близина на местото на несреќата, велат дека зградата исчезнала за миг и изгледало како да има бура.

„Тоа беше најлудата работа која ја видов во мојот живот. Погледнете го сега местото, зградата ја нема“, рече еден од очевидците.

Голем број луѓе успеале да побегнат или беа спасени од надлежните. Оние во соседните згради, биле евакуирани и однесени во рекреативен центар кој се наоѓал во близина.

Scroll to Top