(Видео) Девојка го побара за маж своето момче во трговскиот центар

By

Девојка среде трговски центар во градот Лагос во Нигерија го побарала за маж своето момче. Таа клекнала пред него и му го поставила прашањето дали ќе се ожени за неа.

Настанот, кој бил снимен од страна на случајните минувачи, остана забележан поради тоа што девојката дознала дека момчето немало намера да застане покрај неа пред олтарот.

Што точно ѝ шепнал на уво, веројатно, ќе остане засекогаш непознато, но горчливите солзи што следуваа не оставија простор за погодување, барем што се однесува до исходот.

Дали можеби се посрамила со тоа што му ја побарала раката на јавно место, или можеби ја преценила длабочината на нивниот однос или, пак, дали неговото срце му припаѓа на некоја друга жена, се едни од низата логични прашања, но најважниот одговор што го доби од него гласеше – не!

Гледајте:

 

Ќе ви се допадне