(Видео) Џеф Безос купува јахта од половина милијарда долари

Најбогатиот човек на светот и сопственик на компанијата „Амазон“, Џеф Безос, планира да купи јахта„ за цена од половина милијарда евра. Јахтата со име „Проџект 721“ е долга 127 метри и има сопствена помошна јахта со хелидром.

Од холандскиот производител „Океанко“, велат дека не сакаат да објавуваат премногу детали за неа. Светските медиуми пишуваат дека Јахтата нема да го чини Безос многу, затоа што само во 2020 година, основачот на „Амазон“ заработил 75 милијарди долари.

Според последните податоци, неговото вкупно нето богатство е нешто помало од 200 милијарди долари. Акциите на „Амазон“, кои се инаку примарен извор на богатството на Безос, пораснале за неверојатни 75% минатата година.

Таквата ситуација настана поради пандемијата со коронавирусот, која ја влоши состојбата на потрошувачите, но, истовремено ја подобри на компанијата „Амазон“.

Покрај Безос голем број на милијардери се збогатија за време на пандемијата. Според пишувањата на медиумите, сите заедно во 2020 година, заработиле 1,1 илјади милијарди долари и и за 40% станале побогати отколку пред пандемијата.

Scroll to Top