(Видео) Џемал Кашоги во конзулатот отишол по докмуенти потребни за брак

Новинарот од Саудиска Арабија Џемал Кашоги кој беше убиен, во конзулатот во Истанбул отишол да ги побара потребните документи за да стапи во брак со неговата вереница Хатиџе Џенгиз.

Турските медиуми објавиле видео кое е снимено со скриена камера во резиденцијата во Истанбул. На видеото може да се видат последните моменти од животот на новинарот од Саудиска Арабија.

На снимката се гледа како Кашоги последните часови од својот живот ги минал со вереницата. Двајцата планирале да се венчаат, а Кашоги поради потребните документи за стапување на брак, отишол во конзулатот.

Тое биле последните часови пред да биде убиен.

Новинарот од Саудиска Арабија, кој истовремено работел и како дописник за „Вашингтон пост“, бил убиен во конзулатот во Истанбул. Наводно убиството се случило во тепачка со луѓето кои го пречекале за да го наговорат да се врати во татковината. Кашоги откако одбил бил убиен.

Саудиска Арабија досега во јавноста излезе со разни објаснувања за тоа што се случило со новинарот откако тој влегол во конзулатот. На крајот во саботата принзале дека тој е мротв, но тврделе дека не знаат каде се наоѓа неговото тело.

Владејачките партии во Турција, соопштиле дека Кашоги бил жртва на монструозно испланирано убиство. Неговата вереница се наоѓа под 24 часа полициска заштита.

 

Scroll to Top