(Видео) „Генерал моторс“ го претстави својот летачки „кадилак“

By

„Генерал моторс“ го претстави својот футуристички летачки „кадилак“, возило што може да се движи без возач и кое полетува и се спушта возејќи патници преку воздушна линија.

Извршниот директор на компанијата го опиша новиот „кадилак“ како концепт на личниот превоз во иднината. Овој „кадилак“, кој е наменет за еден патник, кој може да полетува и да слетува и да се движи вертикално, може да патува со брзина до 55 милји на час.

Тој е целосно автономен, електричен, со мотор од 90 KW, батерија и ултралесно куќиште. Летачкиот кадилак е претставен во видео како дел од виртуелната воведна презентација на извршната директорка Мери Бера заедно со уште едно возило, семеен електричен „кадилак шатл“.

Бера минатата година откри дека произведувачот на автомобили ги истражува алтернативните начини на превоз, како што се воздушните такси-возила.

Концептот на летачкото возило го претстави и шефот на делот за дизајн на „Генерал моторс“, Мајк Сајмкоу, кој новото возило го опиша како „кадилак“ за урбана воздушна мобилност, кое е клучно за визијата на компанијата во иднина.

Автономниот шатл, за кој се наведува дека набргу ќе го има и на пазарот, ќе има и предни и задни лизгачки врати и панорамски стаклен покрив. Кабината има удобно седиште и опремена е со биометриски сензори, а има и систем на гласовна контрола и препознавање со движење на рацете.

Од компанијата одбиле да откријат повеќе детали за ова возило. Покрај „Генерал моторс“, и „Тојота“ и „Хундаи“ претходно ги претставија своите концепти на летачки возила како дел од нивното идно дејствување на пазарот.

 

Ќе ви се допадне

Attack on Titan: Crimson Bow and Arrow (https://animeheaven.pro/m/1AJ1) Episode Full at AnimeHeaven animehaven

Watch Attack on Titan Season 3 Part 2 Episode 4 (https://crunchyrollfree.com/m/ZmxD/ep-4) at website https://crunchyrollfree.com. See more crunchyroll free account reddit