(Видео) Џо Бајден ја повредил ногата додека си играл со кучето, Трамп му посака брзо закрепнување

Новоизбраниот американски претседател на САД, Џо Бајден, во саботата се здобил со помала фрактура на стапалото, додека си играл со едно од неговите кучиња. Неговиот противник Доналд Трамп, објави видео на „Твитер“, од Бајден и му посака брзо закрепнување.

Од канцеларијата на Бајден изјавија дека претседателот во неделата бил во посета на ортопед, каде што му биле направи рендгенски снимки.

Лекарите мислеле дека станува збор само за повреда на зглобот, но сметале дека е потребно да се направат дополнителни снимки.

Scroll to Top