(Видео) Дим, пламен и крв кај Американската амбасада

Конфликтите почнале кога демонстрантите се обиделе да влезат во зградата на амбасадата, па во нивен правец испален бил солзавец.Пред американската амбасада во САД во Бејрут, пропалестинските демонстранти се собраа на протест против одлуката на претседателот на САД да го признае Ерусалим како главен град на Израел.

Конфликтите почнале кога демонстрантите се обидоа да влезат во зградата на амбасадата, па во нивен правец бил испален солзавец.

Засега нема информации за повредени, а на снимките се гледа како демонстрантите фрлаат камења кон амбасадата.

По одлуката на Трамп да го признае Ерусалим како израелска престолнина, избиле насилните протести и дошло до конфликти во таа земја. Едно лице загина, а над стотина се повредени.

Повеќе од стотина Палестинци и нивните приврзаници протестираа во саботата во Рим, а група на маскирани напаѓачи во саботата вечерта, со молотовли коктели извршија напад еврејски молитвен дом во Гетеборг во Шведска.

Министрите за надворешни работи на арапските земји, побараа на состанокот во Каиро од САД да ја укинат одлуката на претседателот Доналд Трамп за признавањето на Ерусалим како главен град на Израел.

Тие оцениле дека тоа ќе има сериозни последици по развојот на настаните, затоа што го става Вашингтон на страна на окупаторот, и претставува кршење на меѓународното право.

Scroll to Top