(Видео) Додека Европа е пред целосно заклучување поради коронавирусот, во Вухан се прослави Ноќта на вештерките

Додека Европа е пред целосно заклучување поради коронавирусот, во Вухан се прослави Ноќта на вештерките, пишуваат светските медиуми.

Жителите во кинескиот град Вухан, од каде што почна да се шири коронавирусот, ја славеа Ноќта на вештерките и покрај тоа што епидемиолошката ситуација во светот не е поволна.

Повеќето од илјадниците луѓе кои излегоа на улиците носеле заштитни маски, но сепак граѓаните не го одржувале потребното растојание.

Според актуелните податоци, во Кина моментално има 363 случаи заразени со коронавирус . Во Вухан, но и во останатите земји во тој дел од светот вирусот се смирува. Оздравени се 81.024 лица, а починати се 4634.

Голем дел од светските медиуми пишуваат дека, додека Европа е пред ново заклучување, во градот од кој коронавирусот наводно потекнал ситуацијата е сосема поинаква.

Scroll to Top