(Видео) Додека градоначалникот на Њујорк повикува на мир на улиците, уапсена е неговата ќерка

Во немирите кои ја зафатија цела Америка, вклучувајќи го и градот Њујорк, беше уапсена и ќерката на градоначалникот Бил де Блазио, Кијара. И додека Бил ги повика демонстрантите да се разотидат и да се врати мирот на улиците, неговата ќерка цврсто застана на страната на народот кој се крена против убиството на Џорџ Флојд.

Кијара била уапсена на протестите кои се случија на Менхетен, пренесуваат тамошните медиуми, откако полицијата претходно ги прогласи ваквите собири за нелегални и ги повика демонстрантите да се разотидат во своите домови.

Кијара била уапсена и однесена со лисици на рацете, меѓу 12 улица во Бродвеј, зата што, како што наведуваат полициските извори, го блокирала сообраќајот и одбила да се тргне од улиците.

Овој дел од градот е прогласен за жариште на насилните демонстрации, кои предизвикаа конфликти меѓу демонстрантите и полицијата, по што биле запалени и неколку полициски возила.

За време на апсењето, Кијара не открила дека е ќерка на градоначалникот и само ја навела својата адреса на живеење. Сè до моментот на апсењето, таа се колебала дали да открие дека е ќерка на градоначалникот. Таа само ја дала адресата на своето живеалиште Апер Ист Сајд.

Се верува дека Кијара била уапсена еден час пред конференцијата која ја одржал Бил за медиумите, на која тој ја изразил својата блогадарност за мирните протести и повикал луѓето да си заминат дома.

По апсењето, таа добила налог да се појави пред судот, по што е пуштена дома. Градоначалникот засега не ги има коментирано ваквите наводи.

Во Њујорк веќе неколку дена се одржуваат протести поради бруталното убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд, за време на апсњето во Минеаполис во Менесота.

Поради протестите кои се раширија низ САД, а кои се претворија во насилни расни протести, во голем број градови е распоредена Националната гарда, за да го врати редот на улиците.

Scroll to Top