(ВИДЕО) Додека ја корнеше тревата во дворот, наиде на најслаткото и најмеко можно изненадување

By
Малите зајчиња биле цело време тука, а тој немал поим за тоа!

Често се случува да луѓето ги средуваат своите тревници и ја косат или корнат тревата, а да воопшто не обрнуваат внимание на она што се наоѓа под земјата. Затоа и екипата од Онтарио одлучи да ја објави оваа снимка за да ја подигне свеста кај секој од нас.

Скриеното гнездо за зајчињата изгледа како еден куп сува трева, и затоа е тешко да се примети при средувањето на тревникот. Нивната мајка доаѓа еднаш, можеби два пати во текот на денот за да ги види.

Така и ова момче ја тргна тревата го отвори гнездото во кое беа бебињата зајчиња, и на тој начин ги сочува.

Зајчињата ќе пораснат за неколку недели, и тогаш се слободни да трчаат и живеат слободно. Само внимавајте на нив и чувајте ги, нивната мајка е тука некаде околу вас.

 

Ќе ви се допадне