(Видео) Додека земјата е под локдаун, целиот државен врв на Австрија отишол на забава без маски и никој не држел дистанца

Додека земјата е под локдаун, целиот државен врв на Австрија дошол на забава без маски и никој не држел дистанца, пренесуваат медиумите.

Од Слободарската партија на Австрија поднеле пријава против австрискиот канцелар Александер Шаленберг, како и голем број други политичари кои биле на забавата која се случила по емитувањето на хуманитарната емисија на јавниот сервис ORF „Светлост во темнината“.

Покрај канцеларот во емисијата и на забавата биле и претседателот на Австрија, Александер ван дер Белен, вицеканцеларот Вернер Коглер, министерот за здравство Волфганг Микштајн, министерката за одбрана Клаудија Танер, министерот за внатрешни работи, Карл Нехмар, министерката за туризам, Елизабет Кестингер и министерот за труд Мартин Кохер, но и лидерката на опозиционата Социјалдемократска партија SPO, Памела Ренди Вагнер.

Емисијата предизвикаа бројни дебати во јавноста, затоа што на нив се гледаат како политичарите уживаат, се забавуваат, но, не носат маски и покрај локдаунот и строгите мерки.

FPO Виена, поднела пријава поради кршење на епидемиолошките мерки, приложувајќи како доказ видео и фото матеирјали. Исто така пријава има и против претседателот, канцеларот и другите политичари кои ги поднесе еден адвокат од Долна Австрија, Штефан Данцингер, кој во моментов се наоѓа во карантин поради коронавирусот.

Scroll to Top