(Видео) Доктор го сними последното нешто што го гледаат луѓето што умираат од корона

Доктор Кенет Реми од Мисури објави видео во кое покажува како приближно им изгледаат последните моменти на пациентите што умираат од коронавирусот.

„Ве молам, послушајте. Не сакам да бидам последната личност што ќе ја гледам во вашите исплашени очи“, напишал Реми на снимката што ја објавил на „Твитер“.

„Вака изгледа кога дишете 40 пати во минута. Кога нивото на кислород ви е значително под 80. Вака тоа ќе изгледа. Се надевам дека последните моменти од животот нема да ви изгледаат вака. Затоа што ова ќе го видите на крајот од својот живот ако не почнете да носите маски“, предупредил докторот.

Тој истакнал и за значењето на почитувањето на мерките и држењето на социјалното растојание и честото миење на рацете. За Би-би-си изјавил дека снимката ја објавил за да ги предупреди луѓето да носат маски.

„Носењето маски не е ни приближно незгодно чувство како она кога во вашиот душник некој ви турка дел од пластика“, заклучил тој.

Scroll to Top