(Видео) Доналд Трамп: Само Исус е попопуларен од мене

Американскиот претседател, Доналд Трамп, за време на својот говор во предизборната кампања ги изненади фановите кога изјави дека само Исус Христос е популарен од него.

Предизборните собири во САД се во полн ек. Кандидатите ги посетуваат државите за да им ги прнесат на граѓаните своите планови и ветувања.

Трамп успева да предизвика голема бура со секој свој потег и изјава, пренесуваат тамошните медиуми. Тој синоќа за време на својот говор во Северна Каролина изјави дека е најпопуларната личност во целиот свет.

„Ми вели еден господин дека сум најпопуларен во светот. Јас му велам дека не сум. Тој пак ме убедува дека сум, а на крајот ме праша, ако не сум, кој тогаш може да биде попопурален од мене. Му одговорив дека тоа е Исус Христос“, се пошегува Трамп пред собраната публика.

Собраната маса ја прифати шегата и многу од нив во тој момент погледнаа кон небото и викнаа „Не ти е ни блиску“. На собирите во претходните денови се говореше наголемо за тоа како Трамп го победи коронавирусот. Трамп изјави дека и син му бил исто така позитивен и дека за две секунди и тој успеал да оздрави.

Scroll to Top