(Видео) Дрон сними пар додека имаа секс на врв од манастир

Јутуб корисникот Григориј Злих Јутуб случајно со својот дрон сними пар додека има секс на кулата од една црква кај манастирот Борисоглебски, во близина на рускиот град Торжок.

„Сакав да ја снимам природата, а кога дојдов дома имав што да видам“ напиша тој за видеото.

Поглаварот на манастирот, Арсениј, се огласи во руските медиуми со осуда кон овој чин.

„Тоа е навреда за ова светилиште. Како да нема друго место за тоа. Ќе го контактирам епископот по ова прашање и ако одобри ќе пријавам во полиција“, се закани тој.

Манастирот, кој се наоѓа на околу 200 км од Москва, е основан во 1038 г, а кулата е израдена многу подоцна. Своевремено служел како високо чуван затвор цели 50 години, а потоа бил претворен во установа за лекување алкохоличари. Но во 1993 г. руската православна црква го вратила под своја закрила и оттогаш пополека го обновува.

Scroll to Top