(Видео) Дванаесет тони чоколадо истече на автопат во Полска

Цистерна со 12 тони течна чоколада се превртела на автопат во Полска меѓу Варшава и Познан. Тони течна чоколада го поплавила целиот автопат околу 4:45 часот утрото, поради што истиот морал да биде затворен.

Надлежните неколку часа го чистеле лепливиот хаос на автопатот.

„Патот бил прекриен со слој на чоколада дебел околу пет сантиметри, кој почнал да се стврднува. Изгледало како да на патот лежи огромна тобла чколадо“, изјавил заменик пожарникарскиот наредник Богдан Ковалски.

Медиумите различно пренесуваат колку точно чоколадо истекла на автопатот, но она што е сигурно е дека ова најтешко им паднало на љубителите на слатките.

Возачот се здобил со скршеница на раката и однесен е во болница, а причината за несреќата се истражува.

 

Scroll to Top